Основен суд Скопје 1: Потврдено обвинението против З.З. за „Примање поткуп“

Советот за оценка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје го потврди обвинителниот акт поднесен од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција КО.бр.66/15 против осомниченото лице З.З. од Струмица за кривичното дело „Примање поткуп“ од чл.357 ст.5 в.в со чл.357 ст.1 и 2 од КЗ, соопшти денеска основниот суд Скопје 1.
- По одржаното јавно рочиште за оценка на обвинителниот акт на 01.07.2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од страна на одбраната, по ценењето на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на одбраната ги одби како неосновани. Предметот ќе биде распределен кај судечки судија од Одделението за организаран криминал и корупција, кој треба да работи на него за што јавноста ќе биде дополнително информирана, се вели во соопштението од Судот.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
