Основен Суд Скопје 1: Горан Ѓошевски и Оливер Поповски ослободени од притвор со гаранција

На поранешниот шеф на обезбедување на претседателот на Собранието, Горан Ѓошевски, и на екс началникот во МВР, Оливер Поповски, кои се дел од обвинети за настаните од 27 април во македонското Собрание, им се укинува мерката притвор за што е поднесена гаранција.
Во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 се наведува дека Кривичниот совет го прифатил предлогот на одбраната да се укине притворот со гаранција.
- Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по поредлог на одбраната на Г.Ѓ., О.П. и З.С. опфатени со обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 год. во Собранието на Р.М., за укинување на мерката притвор, Советот донесе решенија со кои за обвинетите Г.Ѓ. и О.П. го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција, со кои по правосилноста на решенијата и запишување на гаранцијата, мерката притвор ќе се укине, а заради обезбедување на присуство во текот на постапката им се определуваат и мерки за претпазливост, велат од Судот.
На обвинетиот З.С. мерката притвор му се заменува со мерка „куќен притвор“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
