Основен суд Скопје 1 го примил решението од Апелацискиот суд за предметот „Ровер“

Основен суд Скопје 1 во текот на вчерашниот ден го примил решението на Апелациониот суд Скопје во врска со предметот „Ровер“ со кое првостепената одлука по вторпат се укинува и предметот се враќа на повторно судење пред првостепениот суд.
- Второстепениот суд ги разгледал жалбените наводи на обвинетите и нивните бранители како и на Основното јавно обвинителство Скопје за сторена суштествена повреда и оценил дека наводите се основани со оглед дека обжалената пресуда содржела такви недостатоци поради која не може во целост да се испита во однос на нејзината правосилност и законитост, изреката на пресудата не била доволна јасна и разбирлива, а во образложението не биле содржани доволни причини за решителните факти што второстепениот суд смета дека се од битно влијание за законито одлучување во конкретниот кривичен правен настан во врска со предметното кривично дело и кривичната одговорност од страна на обвинетите, соопшти Основен суд Скопје 1.
- Постапувајќи по повторената постапка во предметот кој бил укинат со решение на Апелациониот суд, второстепениот суд дал напаствија кои првостепениот суд требал да ги преземе при повторното постапување, меѓутоа Апелациониот суд во решението наведува дека судот при повторното судење не постапил во целост по дадените напаствија, не ги отстранил констатираните повреди и не ги утврдил решителните факти во повторената првостепена постапка, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Истражување: Секој трет Британец штеди на основни потреби
-

Бугарија пред изборите се соочува со купување гласови
-

Петер Маѓар бара оставка од претседателот на Унгарија по победата на изборите
-

УЈП не воведува нов данок, туку спроведува постоечки закон, порача директорката Петрова
-

Трамп не е загрижен за поразот на Орбан: „Петер Маѓар е добар човек“
-

Седумгодишно дете прегазено во Кочани
-

Нови снимки: Стојанче среде судски комплекс ја тепа Ивана, полицијата на два пати доаѓа и си оди
-

РКЕ: Завршува грејната сезона
