-->
-->
Основен кривичен суд Скопје: Прифатена спогодбата, Наќе Георгиев е осуден на 3 години затвор
-->
Пред малку пристигна соопштение од Скопскиот Кривичен суд со кој се известува јавноста дека спогодбата на Обвинителството и судијата Наќе Георгиев е прифатена и тој е осуден на 3 години затвор и забрана за вршење на професионална дејност, но и конфискација на 15 000 евра односно надомест на штетата која била предизвикана со кривичното дело.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска по одржана седница во присуство на надлежен Јавен обвинител, осомничениот Н.Ѓ. и неговиот бранител ја прифати предлог спогодбата меѓу Обвинителството и осомничениот и донесе пресуда со која осомничениот го огласи за виновен и го осуди на казна затвор во траење од 3 години за кривичното дело од чл.359 ст. 7 Примање награда за против законито влијание за која согласно КЗ предвидена е казна во висина од 1 до 10 години.
Воедно со пресудата, изречена е дополнителна мерка Забрана за вршење професија дејност во траење од 3 години од правосилноста како и конфискација на имотната корист, стекната со извршување на кривичното дело во износ од 15.000 евра“ се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска