Основците до 17-ти јуни ќе посетуваат настава на екстремно високи температури
Уште 3 работни денови за основците, а реакциите на родителите не стивнуваат, бидејќи нивните деца одат на училиште на екстремно високи темепратури во неклиматизирани училници. Вријат и социјалните мрежи каде бараат предвремено завршување на учебната година. Од штипската локална самоуправа велат дека се свесни за проблемот, но немаат ингеренции да се мешаат во одлуките на МОН.
-За жал морам да кажам дека наставата во училиштата во Штип се одвива во тешки услови, затоа што температурите се навистина високи, а училиштата не се опремени со климатизери за да може соодветно да се изладат просториите каде што би учеле учениците. Тешко е да се работи во такви услови, но за жал ние како општина не можеме овде да направиме ништо, бидејќи прекинувањето на наставата е во рамки на надлежностите на Министерството за образование и наука, а уште неколку денови остануваат до крајот на учебната година – изјави Снежана Санева, раководител на сектор образование, ЛС – Штип
По реакцијата на родителите и учениците, вчера се огласија од МОН, од каде препорачаа до 17-ти јуни, да се скратат часовите, но сепак да се внимава на исполнување на наставната програма. Учебната година е продолжена, бидејќи основците веа на пролетен распуст од 29-ти април до 6-ти мај.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар