Основање локален економско-социјален совет во Општина Свети Николе

Во рамки на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија (ЕУ), а спроведуван од Меѓународната организација на трудот (МОТ) денеска ќе се основа локален економско-социјален совет во Општина Свети Николе.
Третиот локален економско-социјален совет (ЛЕСС) во рамки на проектот, во Општина Свети Николе, ќе има консултативно-советодавна функција, ќе разгледува прашања и ќе дава мислења, предлози и препораки до Советот на општината и други органи за одредени прашања од економско-социјалната сфера.
Потписници на спогодбата за основање на овој совет ќе бидат градоначалникот на Општина Свети Николе, Зоран Тасев, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров и в.д. претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски. Во ЛЕСС Свети Николе ќе партиципираат и претставници од Центарот за вработување на Општина Свети Николе, средното училиште во Општина Свети Николе, Меѓународниот Славјански универзитет, Здружението на земјоделци од Свети Николе, Организацијата на жени – Свети Николе, како и од невладините организации и здруженија на граѓани.
Целта на проектот е подобрување на трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како начин за постигнување економски развој и социјален напредок.
Во рамки на првата компонента, проектот го поддржува основањето на шест локални економско-социјални совети (ЛЕСС), преку иницирање и поддршка на преговори помеѓу општините, синдикатите и работодавачите, потпишување спогодба за основање на ЛЕСС и опремување на секретаријатите на ЛЕСС со мебел и компјутерска опрема.
Ново на Сител
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
