Основан Македонско – швајцарски бизнис клуб

Зголемување на соработката и на трговската разена преку вмрежување компании, изградба и зајакнување на врски, како и заемна промоција, е целта на Македонско – швајцарски бизнис клуб формиран со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
За претседател на Бизнис клубот е избранa Јасминка Талеска, директор на швајцарската компанија „Новартис“.
-Клубот се формира како резултат на детектираната потреба и потенцијал за зголемување на деловната соработка и на бројот швајцарски компании кои работат во нашата земја. Постои голем потенцијал за натамошно унапредување на можностите за соработка меѓу компаниите од двете земји. Целта на формирањето е пред се да ја зголемиме соработката. Обединувајќи ги компаниите кои се со швајцарски капитал и компаниите од Сојузот кои имаат интерес за соработка, веруваме дека ќе делуваме кон зголемување на трговската размена која според статистичките податоци минатата година изнесуваше 105 милиони евра, со остварен извоз од 40 милиони евра и увоз од 65 милиони евра, рече Арсовска по повод почетокот на работа на Бизнис клубот.
Заменик-амбасадорот на Швајцарија, Стефан Томаџан истакна дека Амбасадата ќе се залага во својот домен за јакнење на соработката меѓу двете земји, со особен акцент на зголемување на трговската и економска соработка.
-Ова е знак дека билатералните економски односи се добри. Убедени сме во потенцијалот за зголемена трговија и инвестиции меѓу нашите две држави. Во таа насока, новиот деловен клуб ќе има корисна улога, изјави Тoмаџан.
Претседателката на Бизнис клубот, Талеска гледа придобивки од интензивирањето на соработката во можноста нашиот пазар да биде цел за влез и работа на компаниите од Швајцарија од што, рече, бенефит ќе имаат двете страни.
Во моментов над 40 компании се со 100-процентен швајцарски капитал или дистрибуираат проиводи или услуги од Швајцарија на македонскиот пазар.
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
