Основачко собрание на Советот на амбасадори

На Универзитетот ФОН во Скопје денеска ќе се одржи основачко собрание на здружението ,,Совет на амбасадори“, како независно здружение од државните институции, непартиско, непрофитабилно здружение на амбасадори и поранешни министри за надворешни работи.
Целта на Здружението е преку своите активности да помогне во креирање и успешното имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, ЕУ и НАТО интеграцциите.
Советот ќе се залага за зајакнување на капацитетите на институциите кои ја креираат и практикуваат надворешната политика, со унапредување на билатералните политички, економски и културни односи со трети земји, развој на нашата дипломатска мрежа и нејзиното успешно функционирање, активно и успешно учество на нашите дипломатски претставници во мултилатералните организации и меѓународните конференции.
– Во своето дејствување Советот ќе соработува со државните институции надлежни за креирање и спроведување на надворешната политика, со образовните и научните институции, со невладините организации, со стопанските комори, како и со слични европски и меѓународни здруженија, соопштија од Иницијативен одбор на ,,Советот на амбасадори“.
На Основачкото собрание, како што е најавнео, ќе биде усвоен нацрт – ,,Статутот на Советот на амбасадори“, предлог мисијата и предлог програмата, а ќе биде избран Извршниот одбор на здружението, претседател и потпретседатели на Советот.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
