Осми „Скопје постер фестивал“ во Младинскиот културен центар

Во Младинскиот културен центар денеска ќе биде отворена изложба на постери од 8. Меѓународен студентски конкурс на тема „Сите за луѓето со хендикеп“ (Enabled for Disabled). Изложбата ќе може да се посети до 5 декември.
Ќе бидат претставени и дела на победниците од минатогодишниот, седми конкурс (Дизајн за мир), како и детски цртежи од септемвриската работилница под менторство на младиот дизајнер од Полска Јан Бајтлик.
Во рамки на осмиот „Скопје постер фестивал“, од денеска до 5 декември во Скопје ќе гостуваат познати графички дизајнери од повеќе земји. Утре предавања ќе одржат членовите на меѓународното жири, кои ќе опфатат теми како: проекти од културен карактер, социјален плакат, но и комерцијални проекти кои се дел од нивните портфолија, презентација како се развиваат дизајн проекти од идеја до реализација и презентација на тема „Руски дизајн“.
Нова содржина на „Скопје постер фестивал“ ќе биде изложба на најзначајните и меѓународно признати дела на членовите на жирито. За времетраењето на фестивалот ќе биде претставен избор на дела од Грамлиш, Џуровски, Поч, Банков и Трокслер.
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
