Османи:Потребен партиски консензус по прашањата за евроинтеграции

Потребен ни е партиски консензус по прашањата за евроинтеграциите, истакнал вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска на средба со директорот на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Јоханес Реи.
Службата за информирање на Секретаријатот за европски прашања соопшти дека Османи го запознал Реи со новиот политички импулс во Македонија, фокусот кон евроатлантските интеграции на новата Влада, имплементацијата на Планот 3-6-9, новиот политички моментум создаден по потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, како и усвојувањето на новиот Предлог-закон за јазиците со кој, како што стои во соопштението, се затвора и последното отворено прашање според Охридскиот рамковен договор.
- Вицепремиерот порача дека Фондацијата Конрад Аденауер може директно да ги поддржи и Владата и политичките партии од сите страни на политичкиот спектар да работат заедички за реализација на реформите кои се од национален интерес, а за кои е потребен консензус од сите страни, се наведува во соопштението.
Османи и Реи разговарале за областите во кои може да се унапреди соработката во насока на поддршка на процесот на европска интеграција на земјата.
Вицепремиерот Османи посочил дека досегашното 17- годишно присуство на Фондацијата во Македонија беше посветено на промовирање на меѓуетнички и дијалог меѓу граѓаните од различна вероисповед, поддршка на граѓанското општество и придонесе за приближување на земјата до евроатлантските структури. Во тој контекст, Османи побарал таргетирана поддршка, бидејќи, како што навел, новата реформска агенда бара долгорочни инвестиции во овој период кога националниот буџет не е во добра состојба, и кога бележиме загуби од средствата од ИПА.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
