Османи во Украина на средба со Стефанчук
Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамки на посетата на Украина имаше средба со Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина.
Османи ја реафирмираше позицијата дека Русија, со воената агресија врз Украина, ја крши Повелбата на ОН, основните принципи на меѓународното право и човековите права, и дека Северна Македонија, оваа позиција ќе ја задржи и како земја претседавач со ОБСЕ, соопшти МНР.
– Го преземавме претседавањето со ОБСЕ во време на најтешката безбедносна и геополитичка криза по Втората светска војна. Сепак, ќе се посветиме на изнаоѓање дипломатски решенија без разлика колку компликувани состојбите на терен, истакна Османи, додавајќи дека како претседавач на ОБСЕ ќе ги интензивира комуникациите со сите украински власт околу можноста за враќање на мисијата на ОБСЕ во Украина.
Ново на Сител
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи