-->
-->
Османи во посета на Јордан: Потпишан меморандум за соработка во земјоделството
-->
– Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на посетата на Јордан, имаше средба со министерот за земјоделство Кхалид Ал Ханифат со кого потпишаа меморандум за разбирање за соработка во областа на земјоделството, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите на Република Северна Македонија и на Хашемитското Кралство Јордан, соопшти МНР.
– Со потпишување на овој документ, создаваме основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Северна Македонија во Јордан, а од Јордан зголемување на увоз на маслиново масло и урми во Северна Македонија. Тоа е особено важно за двете земји, имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храна во овој регион и потребата од диверзификација на снабдувањето со прехранбени продукти. Од друга страна, ние име потенцијал за кој ни се потребни нови пазари и немам сомнеж дека ова ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на билатералните односи во полза на граѓаните од двете земји, истакна Османи.
Двајцата министри потенцираа дека особено значајна е размената на искуства во областа на земјоделската политика, спроведување на конкретните мерки за подобрување на земјоделското производство, безбедноста на храната, како и управувањето со водите, за што се заложија за спроведување на идни проекти од интерес на двете страни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник