Османи: Владеењето на правото најважната придобивка за граѓаните од процесот на европски интеграции

Владеењето на правото претставува фундамент во изградбата на современо ефикасно и демократско општество и е најважната придобивка за граѓаните од процесот на европски интеграции. Ова денеска го потенцира вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со експертите кои се дел од Оценската мисија организирана од страна на ЕУ.
На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи истакнал дека од особено значење за напредокот на Република Македонија е подобрување на судскиот систем, особено во делот на управните спорови во јавната администрација на централно и локално ниво.
Оценската мисија, како што се наведува во соопштението, има за цел да ја процени ефикасноста и ефективноста на системот на управно право во државата и тоа во два сегмента-во управната постапка и управните спорови. На средбата со која и официјално почнува оваа мисија присуствуваа и министерката за правда Рената Дескоска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
- Имајќи предвид дека е потребен добро функциониран систем на управна правда за силно, независно и ефективно судство, претстојната мисија нуди одлична можност за да се процени системот на управно одлучување во Република Македонија, оценил Османи.
Оценската мисија ќе трае четири работни дена, по што ќе следи подготовка на конечен Извештај со препораки кои ќе бидат составен дел од реформските процеси.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
