Османи: Владеењето на правото – континуиран императив за напредок во европските интеграции
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп. На средбата, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, се разговарало за актуелностите во земјава, за досегашната соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на евроинтеграциите, во пресрет на очекувањата од престојаните самити на Европската Унија во октомври годинава.
Вицепремиерот Османи изразил голема благодарност за континуираната поддршка од страна на Кралството Холандија, земја која, како што рекол, од осамостојувањето на нашата држава е една од најголемите донатори и силен поддржувач на интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Во оваа насока тој потенцирал дека поддршката на Холандија во спроведувањето на реформската агенда на Европската Унија е од фундаментално значење за нас, особено кога станува збор за владеењето на правото и доброто владеење, односно во институционалното зајакнување на земјава, како една од најважните придобивки на современото општествено живење, но и како континуиран бенчмарк за напредок во европските интеграции.
Средба со новиот холандски амбасадор во земјава се одржа непосредно пред почетокот на европската турнејата на Вицепремиерот Османи, која започнува со работна посета на Кралството Шведска, а во која, како што информираат од СЕП, меѓу останатите земји, се очекува да се најде и Холандија.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје