Османи: Србија ја водат геноцидни умови, слушнете што вели Дачиќ
– Претседателката на Собранието на Косово Вјоса Османи вели дека во Србија ништо не е сменето од времето на војните во регионот и дека таа држава „и натаму ја водат геноцидни умови“, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Што правиме ние со Србите? Со оние кои им поткажуваат на Албанците и Хрватите…, кои говорат разни глупости? Им кажуваат каде се погребани Албанците ширум Србија, вели Дачиќ во дел од интервјуто објавено на платформата „Јутјуб“.
Споделувајќи ја снимката со изјавата на Дачиќ на својата страница на Твитер, спикерката на косовскиот Парламент заклучува дека актуелното српско раководство воопшто не се разликува од она кое ја водеше земјата во минатото.
– Слушнете го министерот за надворешни работи на Србија, Дачиќ, како им се заканува на Србите кои ги кажуваат местата во Србија каде што се погребани исчезнатите Албанци. Слушнете го повторно и повторно ако мислите дека српските лидери се промениле. Жалосно, но Србија и натаму ја водат јадни геноцидни умови, напиша Османи.
Косовските медиуми потсетуваат дека актуелниот шеф на српската дипломатија беше еден од најблиските соработници на Слободан Милошевиќ, кој почина во притворното одделение на Меѓународниот суд во Хаг додека му се судеше за воени злосторства и геноцид во поранешна Југославија. Од 1992 до 2000 година Дачиќ беше портпарол на партијата предводена од Милошевиќ, Социјалистичката партија на Србија, а во 2000-2001 беше и министер за информирање во српската влада. По смртта на Милошевиќ во 2006 година, Дачиќ го презеде водството на неговата партија.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак