Османи со дел од економските промотори во посета на Тетово
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и економските советници, кои во рамките на економската дипломатија се назначени да отпатуваат за Варшава, (Вишеградската група), Минхен (Германија и Австрија), Анкара за Турција и Абу Даби за ОАЕ и другите земји од Заливот, денеска ќе ја посетат општината Тетово, слободната економска зона во Тетово и фабриката за млеко и млечни производи „Алпи Милк“.
Како што соопшти МНР, проектот е дел од поширокиот план за посети на повеќе поголеми општини и освен посетата на Тетово, слични посети ќе има следната недела во сите поголеми градови на Македонија, продолжувајќи со Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Крушево, Кавадарци, Штип, Виница, Струмица, Дојран и Гевгелија.
Целта на посетите е економските советници да се стекнат со прецизни информации за потребите на локалната самоуправа, потенцијалните ресурси за искористување на локалниот економски развој, туристичките потенцијали, како и потребите на постојните регионални бизнис центри.
Ново на Сител
-

Приведена жена од скопско која била агресивна кон нејзиниот сопруг
-

Од утре променливо облачно и нестабилно време со врнежи, пообилни во вторник и среда
-

Мерка притвор за лице кое во Штип полово вознемирувало 16-годишна девојка
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест против "Зврнец", учествуваа 250 илјади демонстранти
-

Македонец ја убил Гркинката исчезната пред три седмици, телото го закопал во поле
-

Во вторник второ пријавување во јуни за упис во средните училишта, слободни над 11 000 места
-

Од денеска директна авиолинија Виена - Охрид
-

Почнува летото
