Османи: Со дебата во медиумите нема да помогнеме во решавање на прашањето на името
Постои придвижување и не гледам друга алтернатива во однос на решавањето на прашањето за името. Клучно за успехот на овој процес е дебатата да не се одвива преку медиуми, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи пред отворањето на Националната трилатерална конференција „Евроинтеграцијата на Македонија и иднината на Европската унија“.
Тој препорача дека ова се однесува и за, како што вели, пријателите од грчката страна и за нашите претставници.
- На ниту еден начин нема да му помогне на процесот преку дебата во медиумите. Затоа треба да ја држиме оваа дебата во рамки на преговарачките тимови, а во моментот кога ќе имаме начелно некоја согласност, тогаш можеме да излеземе во јавноста и да побараме мислење од граѓаните и од другите општествени слоеви, рече Османи.
Тој потврди дека од седум точки во преговорите, три се полесни, а четири се потешки, меѓутоа, додаде, ако сега почнуваме да лицитираме, дебатираме и да испраќаме пораки, тоа е моделот за неуспех.
- Не велам дека во еден момент нема да излеземе со сите опции, но процесот се уште не е зрел за да можеме да го изложиме во јавноста. Тие што се обидуваат сега да наметнат различни теми за ова прашање што не се суштествени, се обидуваат да му одмогнат на процесот, а верувајте дека има сили кои не сакаат Македонија да го затвори прашањето и да успее, посочи Османи.
Ново на Сител
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците