Османи: Си замина и последното авганистанско семејство, уште еднаш се докажавме како кредибилен НАТО партнер
Последното осумчлено авганистанско семејство претходно ангажирано од НАТО што беше згрижено во Северна Македонија денеска ја напушти земјава, со што успешно е заокружена мисијата за обезбедување привремено сместување на Авганистанците кои беа преземени од базата „Бехтел” во Косово, објави на фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– За време на нивниот престој во Северна Македонија, им беше обезбедена континуирана помош и поддршка, како резултат на ефикасната и широка меѓуинституционална соработка, и со голем ангажман од Црвен крст, за што во оваа прилика упатувам благодарност до сите инволвирани во успешната реализација на целокупниот процес. Со обезбеденото привремено прибежиште на вкупно 68 Авганистанци, уште еднаш се докажавме како кредибилен НАТО партнер и придонесовме да се ослободат силите на Алијансата ангажирани во базата „Бехтел” во Косово и истите да делуваат во полн капацитет на Источното крило, а во контекст на заканите кои доаѓаат по земјите членки во тој дел, како последица на руската инвазија врз Украина, наведува во објавата шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Ново на Сител
-
Макрон, Зеленски и Стармер заедно ќе отпатуваат за Вашингтон
-
Опозицијата во српскиот парламент ја бојкотира денешната седница по вчерашниот инцидент со димни бомби
-
Албанската полиција спречила шверц на оружје и фалсификувани документи кои требало да завршат во Македонија
-
Еврокомесарката за проширување изрази загриженост поради немирите во српскиот парламент
-
Кремљ го оцени писмото на Зеленски до Трамп како „позитивен чекор“
-
Картално здружување на 10 осигурителни компании, случајот го коментираше и премиерот Мицкоски
-
Оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата, најави премиерот
-
Турција планира да гради ѕид на границата со Грција