Македонија
22. February 2022 - 11:45

Османи – Шмид: Северна Македoнија подготвена да придонесе за деескалација на ситуација околу Украина

Министерот за надворешни работи Бујар Османи телефонски разговарал со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид за актуелната ситуација во и околу Украина.

– Телефонски разговор со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид. Дискутиравме за актуелната ситуација во и околу Украина и важноста од почитување на меѓународното право и неповредливоста на границите, објави Османи на Фејсбук.

Шефот на дипломатијата во објавата наведува дека Северна Македoнија, како дел од триото претседавачи на ОБСЕ, е „подготвена да придонесе за деескалација на ситуацијата и за дипломатски напори за мирно изнаоѓање на решение“.