Османи: Северна Македонија има капацитет да го продолжи евроинтеграцискиот пат

Северна Македонија има и политички и институционален капацитет за да го продолжи патот кон полноправно членство со Унијата, и ние како Влада, остануваме посветени на овој процес сè до полноправно членството во Европската унија и НАТО, истакнал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средба со претставници на „Големиот Комитет“ (Grand Committee) во рамки на финскиот Парламент, предводени од првиот заменик претседател, Јани Макела.
На средбата, со којашто денеска Османи ја започна официјалната посета на Финска, биле разменети мислења за евроинтеграцискиот процес на држвава и поддршката во таа насока од Финска во рамки на нивното претседателство со ЕУ, соопшти владиниот Секретаријат за европски прашања.

Османи се сретнал и со Корина Таменма, висока претставничка за јазични прашања во Директоратот за автономија и еднаквост при финското Министерство за правда Финска со Корина Таменма, со која размениле искуствата во однос на примената на двојазичноста во Финска, како земја која има успешна примена на тој процес. Разгледани се и можностите за соработка во оваа насока, со цел успешна имплементација на Законот за употреба на јазиците и во Република Северна Македонија, информираат од СЕП.

Во тек на посетата на Финска, вицепремиерот Османи ќе оствари средби и министрите за европски работи, Тути Тупураинен, и за надворешни работи, Пека Хависто.
Ново на Сител
-

Битолчанец не се отрезнил два дена, го фатиле со 3,23 промили па за 30 часа со 3,50 промили алкохол во крвта
-

Муцунски ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето и заради сопствената безбедност
-

Серафимовски: Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
-

Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
-

За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство
-

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот
