Османи: Се продлабочува соработката со Шведска
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамките на посетата на Кралството Шведска, имаше одделни средби со претседателот на шведскиот Парламент Андреас Норлен и со министерот за меѓународна развојна соработка Питер Ериксон.
На средбите, покрај европските перспективи на земјава, беа отворени темите за билатералната развојна соработка, како и за парламентарната соработка помеѓу двете земји, соопшти СЕП.
– Радува фактот што Република Северна Македонија останува на агендата за развојна соработка на Шведска и во претстојниот период, што на дело го демонстрира континуираното проширување на нашата билатерална развојна соработка, која е од исклучително значење за нас во овој круцијален период на интеграција на земјава во ЕУ, истакнал вицепремиерот Османи на средбата со министерот Ериксон, пренесувајќи ја благодарноста за оваа поддршка во име на Владата на Република Северна Македонија.
За време на средбата Османи, во улога на национален координатор за странска помош, нагласи дека од фундаментално значење за нас е поддршка која земјава ја добива од Канцеларијата на УНОПС во Скопје, која како агенција е задолжена за спроведување на проектот „Нордиски напредок“, и изрази уверување дека истата ќе придонесе за поефикасна и зголемена развојна проектна соработка.
Во рамки на работната посета на Шведска, Османи ќе оствари средба и со министерот за европски прашања, Ханс Далгрен.
Посета на Кралството Шведска претставува дел од турнејата на Османи низ европските метрополи пред одржување на Европскиот совет во октомври. Османи од Стокхолм заминува за Брисел, по што следат Берлин, Варшава.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото

