Османи предлага промена во работата на Мешовитата историска комисија

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи изјави дека е подготвен да предложи промени во работата на Заедничката историска комисија.
– Подготвен сум да предложам да влеземе во разговор за евентуална промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на Заедничката историска комисија, рече Османи во интервју за БНТ на денот кога новата влада на Димитар Ковачевски стапи на должност и во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Република Македонија.
Нагласи дека евентуална промена во структурата и пристапот на работата на комисијата нема да биде врзана за конкретни рокови за резултати.
Османи истакна дека во средина која се влошува на Балканот, Република Бугарија и Република Македонија не треба да остават нерешени проблеми во регионот.
Тој потсети дека токму Бугарија го покрена прашањето за евроинтеграциите на Западен Балкан во 2018 година.
Коментирајќи го барањето за вклучување на лица со бугарски идентитет како државотворен народ во Уставот на Република Македонија, Османи рече дека смета оти земјава е позната по големите колективни права кои им ги дава на различните националности.
Ново на Сител
-

Прегазено 4 годишно дете на улица во Гостивар
-

Во текот на изминатиот викенд 34 лица приведени поради безобѕирно управување моторно возило
-

Над 70 лица минатата недела приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога
-

Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на ГП „Богородица", во последните 24 часа
-

Топло до крајот на неделата, од четврток попладне локално дожд и грмежи
-

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран
-

Несреќа во тетовско: Мајка со две малолетни деца излетала од патот со четирицикл
-

Уапсен 36-годишен Косовец, со „мерцедес“ летал 220 км/ч на автопатот кај Гевгелија
