Османи: Повикувам на достоинствено и мирно чествување на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел до јавноста за мирно и достоинствено чествување на 4 февруари, денот на кој се одбележува 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
„На 4 февруари кога се поклонуваме пред гробот на Гоце Делчев, се поклонуваме пред неговото визионерство за културен натпревар меѓу народите. Повикувам на достоинствено, мирно чествување на денот кога оддаваме почит на неговиот идеал за напредни општества, и за градење цивилизациски вредности.“- порача Османи.
Во своето обраќање до јавноста Османи истакна дека секој граѓанин на Република Бугарија, и на која било друга држава, е добредојден во Северна Македонија, нагласувајќи дека секој мора да се однесува со почит кон нашата држава и кон македонскиот народ.
„Да покажеме зрелост и да не дозволиме да се подгрева национализам преку говор на омраза и омаловажување. Ние сме држава која има европска перспектива. Со својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на билатерални спорови, сме пример во светот. Ве повикувам да опстоиме на тие наши вредности. “- потенцираше Османи.
Османи апелираше до граѓаните, да не дозволат да потклекнат под провокации, со цел да се заштитат интересите на државата.
“Да не дозволиме провокатори и киднапери да ни ја киднапираат европската иднина или да го влошат имиџот што го изградивме како држава. Ова е во интерес на сите граѓани и на заедничкиот напредок.“- порача Османи.
Ново на Сител
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции