Македонија
24. November 2021 - 9:43

Османи од Софија: Тука сум да ја олеснам комуникацијата меѓу семејствата и институциите во Бугарија, за побрза идентификација на телата

„Тука сум да ја олеснам комуникацијата меѓу семејствата и институциите во Бугарија, за побрза идентификација на телата“, ијзави Бујар Османи, министерот за надворешни работи на земјата, во утринската ијзава пред болницата, каде се сместени преживеаните од сообраќајната несреќа во Бугарија. 

Моментално во болницата се наоѓаат 7 лица, кои пет се од нашата земја, еден е српски државјанинин и едно лице е од Белгија. 

„Мислам дека институциите во Бугарија истрагата ја имаат започнато. Така да, тука се и нашите експерти доколку треба да помогнат“ - дополни министерот Османи.

Османи потенцираше дека е важно семејствата да бидат информирани, со цел брзо завршување на процезот за останките да бидат пренесени во Скопје. 

Министерот кажа дека тој денеска, но и најверојатно ќе остане во Софија и утре за да ја олесни комуникацијата меѓу преживеаните и жртвите со нивните семејства.