Османи: Нема простор за паника за цените
Бујар Османи за МИА уверува дека владата ќе стори се за да го ублажи ценовниот шок од руско украинската војна, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Во изјава за МИА министерот за надворешни работи рече дека владата на Северна Македонија има капацитет да се справи со последиците.
-Мислам дека владата покажа капацитет да се справува со социјалните последици што произлегуваат од кризите. Тоа го увидовме во текот на пандемијата. Северна Македонија беше една од најпроактивните во преземање на пакети мерки за ублажување на социјалните последици од кризата. Здравствената криза беше едно, сигурно дека воената криза во Украина ќе има друг вид на последици пред сѐ во влијанието на енергенсите. Мислам дека владата има капацитет да се справува, нема простор за паника бидејќи сите амплитуди во цените или други предизвици владата ќе ги менаџира за да не ги чувствуваат на крај граѓаните, колку што е тоа можно, вели шефот на дипломатијата.
Во однос на енергијата, посочи Османи, има и краткорочни и долгорочни мерки.
-Во долгорочните мерки мислам дека е важно што поголема диверзификација на изворите на енергија за да се намали зависноста од руските извори на енергија. Државата тоа го прави преку изградбата на новиот гасовод со Грција, со што нема да биде зависна како што е сега сто отсто за гас од Гаспром. Но ќе треба да делува и со краткорочни мерки со цел помагање на граѓаните на ранливите категории да не бидат тие последната инстанца што ќе ги претрпи економските последици од овој воен конфликт. Сите мерки што ги презема сега владата даваат резултат. Ова влијание не е само во Северна Македонија, во сите држави во светот и секоја држава се обидува на свој начин да ги менаџира последиците. Се надевам дека нема да има поголема ескалација, се разбира ќе се адаптираме во зависност од околностите, изјави Османи.
Ново на Сител
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
