Османи: Не сме изненадени, туку разочарани од одлуката на Иванов

Непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов не е изненадување за вицепремеирот за европски пршања Бујар Османи иако, како што вели, е разочаран од постапката.
- Разочарани сме иако не дека не беше очекувано, но сепак мислевме дека ќе го искористи моментумот да прати порака - рече Османи во одговор на новинарско прашање по средбата со косовската министерка за евроинтеграции Дурата Хоџа во просториите на СЕП.
Тој посочи дека претседателот треба да биде кохезивен центар на општеството кој треба да ги спои етничките заедници и различните општествени групи.
- Таа улога не ја одигра во последните осум до девет години. Имаше можност овие денови во неговата последна година да испрати порака на кохезија и сплотување, како и за отворање на перспективата на државата, но очигледно е дека не може да излезе од неговата матрица на функционирање. Сепак, и покрај тоа што не разочара, не не загрижува, бидејќи повторно ќе го изгласаме законот во Собранието во наредните денови - изјави Османи.
Косовската министерка Хоџа посочи дека во нивната земја веќе има три службени јазици - албанскиот, српскиот и турскиот.
- Овие јазици секогаш се употребуваат како службени. Мислам дека е многу важно за европското интегрирање во секоја земја секоја заедница да може да го употреби својот мајчин јазик - рече Хоџа.
Претседателот Иванов вчера соопшти дека нема да го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците. Оцени, меѓу другото, дека со овој закон се воведува многу скап паралелизам во сите органи на државната власт што води кон нивна целосна блокада и нефункционалност и оти во услови на блокада постои опасност да се отвори прашањето за уставното редефинирање и загорзување на унитарноста, суверенитетот и теротијралниот интегритет на РМ.
Ново на Сител
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
-

На таткото на Вања ќе му се суди повторно, потврдени доживотните казни за Палевски и тројцата соучесници
-

Прилепчанка измамена за 700.000 денари преку Фејсбук, мислела дека помага за лекување на болно дете
-

Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
