Македонија
12. December 2019 - 16:54
Османи не шири оптимизам за старт на преговорите
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи не е голем оптимист дека на пролет Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ . Toj вели дека без разлика каква ќе биде одлуката државата е подготвена и останува целосно фокусирана на обврските кои произлегуваат од хармонизацијата со европските правила и стандарди.
Поранешниот евроамбасадор Фуере го дели истиот став и вели дека државата ќе треба да продолжи со имплементација на реформите во правосудството и сузбивањето на корупцијата.
На Годишната конференција која традиционално се одржува кон крајот на годината секретаријатот за европски прашања врши целосен преглед на состојбата, напредокот, предизвиците и перспективите на европските интеграции.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->