Османи не е охрабрен од политичките случувања во Софија
Вестите од Бугарија не се охрабрувачки, но разговорите на техничко ниво помеѓу двете земји продолжуваат. Министерот Осамни вели дека погрешни биле неговите прогнози дека без политичка Влада во Софија е можно надминување на спорот. Токму затоа европската иднина на земјава останува заложник на состојбите во Бугарија.
Неизвесноста во Бугарија и натаму трае откако вчера пропаднаа обидите на мандатарот Николов од Има таков народ да добие поддршка за состав на нова Влада. Наместо денеска, бугарските пратеници утре ќе гласаат за повлекување на предлогот. Борисов како предводник на второрангираната партија на последните избори пак најави дека ќе го врати мандатот веднаш штом ќе му биде доделен но откако ќе го престави новиот состав предводен од Даниел Митов.
Целиот овој заплет на политичката сцена во Бугарија ја отвора можноста за нови избори и ги намалува надежите дека Македонија може да добие поддршка за старт на преговорите со Унијата на самитот кој е закажан за 6 октомври.
-
Деспина Tодоровска
Сите содржини од овој новинар