Османи: Наднационален, натпартиски консензус и кохабитација за Планот 3-6-9
Потребен е наднационален и надпартиски консензус, како и кохабитација на институционално ниво за ефективно спроведување на реформите предвидени со владиниот План 3-6-9 кој треба да помогне во деблокирање на евроинтеграциите на земјата, во тој контекс е и денешната средба со претседателот на државта Ѓорге Иванов, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
- И покрај тоа што доаѓам од Влада, меѓутоа и од политичка партија која што изминатиот период го спореше легитимитетот на претседателот, имајќи предвид дека остануваме на ставот дека консензуален претседател е најдобриот начин за избор за претседател на државата како кохезивен столб на општеството, а така треба да биде и во иднина. Сепак, сметам дека овој прозорец на можност што се појавува секој треба да даде придонес за инклузивост во целиот процес за една деполаризација, за давање рака на соработка со сите институции, меѓутоа и за сите политички партии со цел процесот на интеграциите да го издвоиме и да постигнеме државен и општествен консензус за да направиме конкретен исчекор во делот на интеграциите, рече Османи.
Тој информира дека на средбата со претседателот Иванов разговарале за мерките од Планот 3-6-9 во коишто одредени надлежности има и претседателот, пред се во делот на кохабитацијата, во делот на именувањата, разузнавачките служби, мигрантската криза, но разговарале и за меѓуетничките и меѓусоседските односи.
- Го информирав претедателот дека Владата планира да го затвори легислативниот дел од Рамковниот договор и уште денеска на седница на Влада да помине Законот за јазици. Меѓутоа и во делот на соседските односи и Договорот со Бугарија кој се потпишува утре, како и другите прашања во однос на другите соседи, истакна Османи.
На новинарско прашање вицепремиерот за евроинтеграции оцени дека има волја кај претседателот за соработка во делот на реализацијата на Планот 3-6-9, како и дека на средбата биле кажани конкретни забелешки кои, вели, ќе бидат земени в предвид.
Во соопштението од Секретаријатот за европски прашања, Омсани побарал поддршка од претседателот Иванов за законот за употребата на јазиците.
- Меѓу другото, особено внимание посветив на експликација на делот од Планот поврзан со меѓуетничките односи, т.е. новиот предлог закон за употреба на јазиците. Покрај поддршката и за останатите мерки од Планот 3-6-9, од Претседателот Иванов побарав поддршка и за новиот закон за употреба на јазиците, истакнал Османи, се наведува во соопштението, и нагласил дека очекува поддршка за новиот закон за јазиците и од опозициската ВМРО–ДПМНЕ, со што би се постигнал политички и меѓуинституционален консензус за ова важно прашање.
Во соопптението од кабинетот на Иванов, се наведува дека на средбата, претседателот на држвата побарал решенијата во реформите на Системот за безбедност и одбрана да бидат во согласност со уставните обврски на Советот за безбедност на Република Македонија, додека за заканата од илегална миграција, македонскиот претседател побарал да се постапува во согласност со воспоставената процедура во Законот за управување со кризи.
Вицепремиерот Османи најави средби за Планот 3-6-9 и со опизицијата и со Националниот совет за евроинтеграции кој е раководен од опозицијата.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството