Османи: На опозициските пратеници е одлуката дали Северна Македонија ќе ја пропуши оваа сериозна шансa за европската иднина
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска го повтори ставот дека одлуката за тоа дали Северна Македонија ќе продолжи со Албанија на патот кон ЕУ или ќе биде одвоена во преговорите во овој, како што вели, нов забрзан геополитички придонес на процесот на интеграција, во моментов е во рацете на пратениците од опозицијата.
-Доколку ги завршиме уставните измени на време, Северна Македонија ги отвора поглавјата и влегува неповратно во процесот на евроинтеграции во оваа можеби ретка можност на отварање на Унијата поради создадениот геополитички контекст. Никогаш не сме виделе ваква разиграност, мобилизираност на ЕУ по однос на Западниот Балкан. Но, проширувањето е меритократски и геополитички (процес), двата услова треба да бидат кумулативно исполнети. Што значи и треба да бидете спремни и треба да има одреден геополитички импетус за да се отвори процесот. Геополитичкиот моментум го има - руската агресија во Украина ги разбуди сите по однос на ЗБ и европската перспектива. Сега на тоа привремено отварање кое што се случува ќе влезат само тие кои што се подготвени. На опозициските пратеници е одлуката дали Северна Македонија ќе остане изолирана со остантите држави од регионот кои што имаат отворени прашања и ќе ја пропуши оваа сериозна шанса пред која се наоѓаме. Значи исклучиво во рацете на овие пратеници е европската иднина на државата, а тоа е и фактот дали младите ќе останат овде, дали ќе имаат надеж за европски стандард овде или пак ќе изгубиме цела една генерација, вели Османи одговарајќи на новинарско прашање по заедничката прес-конференција со австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања на Штаерска, Вернер Амон.
Запрашан на што се должи неговиот оптимизам дека ќе се донесат уставните измени и на кое ниво се случува комуникацијата со пратениците во контекст на обезбедување поддршка за амандманите на Уставот, Османи уверува дека случувањата во светот ќе ги уверат граѓаните дека е ова единствениот вистински пат.
-Мислам дека не губиме време со овие обиди бидејќи е важно граѓаните да ги убедиме дека ова е единствениот прав пат. Ова не се добри времиња за светот и многу е важно ние да бидеме заедно со големите и богатите во едно семејство. И мислам дека со секој поминат ден се повеќе граѓани се придружуваат на тие што се обидувме да не остане камен непревртен за оваа земја да стане европска. Второ мислам дека политичарите полека разбираат што се случува, дека ова се навистина ретки времиња по однос на можносатите за евроинтеграција. И се повеќе и политичари тоа го разбираат и се надеваме дека ќе сватат дека ги земаат на душа идните генерации, дека ја држат државата во заложништво поради партиско-политчки интереси. Историјата ќе ги суди сите што оваа шанса ќе ја прокоцкаат заради еден повеќе еден повеќе пратенички мандат и за интерес за партијата, рече Османи.
Тој при тоа потврди дека се одвиваат и комуникации во обид да се дојде до потребното мнозинство, но без да открива детали на кое ниво се остваруваат тие контакти.
-Мислам дека нема да помогнам на процесот ако во моментов повеќе зборувам на таа тема, но се е во рамки на демократските убедувања, рече министерот Османи.
Посетата на шефицата на ЕК Урсула Фон дер Лајен најаваена на крајот на месецов во Скопје тој очекува да донесе одредени новини во однос на процесот на евроинтеграциите кои се во линија на нашите залагања, вели, да видиме бенефити од процесот пред полноправното членство.
Ново на Сител
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
-
Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители
-
Студено наутро, во текот на денот сончево со умерена облачност
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов