Османи: Мнозинство има, очекуваме преку разговорите да се зголеми дополнително
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изјави оти мнозинство во Парламентот има, и оти очекува тоа дополнително да се зголеми.
– Мнозинство има, тоа можам да го потврдам, очекуваме со овие разговори ова мнозинство да се зголеми дополнително и да да биде стабилно за да може во наредните месеци и години да се продолжи со овие сериозни активности на Владата, изјави Османи на прес-конференција за буџетот на Министерството за надворешни работи за 2022 година.
На новинарско прашање кој е тој 61 пратеник за кој СДСМ вели дека го има како владејачко мнозинство и дали можеби е тоа пратеник од Алијанса за Албанците, Османи одговори дека мнозинство има и тоа може да го потврди.
Тој дополни дека не може да има конкретни решенија без да се заврши целиот пакет на преговори, кога, како што рече, „мислам дека самите пратеници ќе кажат кои се дел од мнозинството и ќе ја поддржат оваа евроатланска Влада“.
Османи истакна дека наредниот период е исклучително важен за стратешките правци на државата за постигнување на одредени стратешки цели. Според него, секоја дестабилизација на Владата во овој период може дополнително да влијае негативно на постигнување на тие цели и да ја претвори државата од дел од решението во дел од проблемот.
– Мислам дека никој во државата не сака да се впери прст кон државата како причина за нерешавање на одредени прашања или, пак, незапочнување на преговорите со Европската Унија, бидејќи не бевме досега така. И покрај тоа што бевме предизвикани на сите можни начини, и внатре, и надвор, не дозволивме државата да биде дел од проблемот, туку да биде проактивната страна која се обидува да најде решение, истакна Османи кој дополни дека смета дека во овој период Владата треба да продолжи како што е, се разбира, како што рече, „со зајакнување на нејзините капацитети и поддршка во Собранието“.
Во однос на преговорите со Алтернатива, Османи истакна дека тие разговори се заеднички помеѓу сите коалициски партнери, меѓутоа, како што кажа, во име на сите коалициски партнери истите ги спроведува премиерот, бидејќи, рече, „ние имаме разговори, меѓутоа, конкретните детали во однос на програмата на Владата ги пренесува премиерот во координација со нас“.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
