Османи: Клубот „Иван Михајлов“ нема да влезе под „говор на омраза“ и да се третира со протоколот
Министерот за надворешни работи Бујар османи денеска на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, дали називот на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, кој предизвикува негативни чувства кај Македонците, може да биде доведен во контекст на говор на омраза, тој рече дека тоа не е така, туку дека единствено станува збор за историска интерпретација.
Според шефот на македонската дипломатија, клубот нема да биде третиран според барањата во Протоколот за промена на натписите на спомениците и останатите објекти, како и деловите од учебниците, кои будат негативни чувства во Бугарија.
- Тоа би било погрешен пристап, затоа што различните историски интерпретации не смееме да ги ставиме под „говор на омраза“. Под говор на омраза, јасно кажува нашето законодавство што е - омаловажување поради карактеристики на човек и припадност во група и мислам дека ако го прошириме тоа во историските интерпретации, тогаш мислам дека отвораме поле на нови ризици, рече Османи.
Според министерот, говорот на омраза е насочен кон граѓаните од соседните држави во голема мерка и дека двете влади на Македонија и Бугарија, како што вели тој, ќе мора да кажат „стоп“ на таквиот негативен тренд.
Ново на Сител
-
Кривична за полицаец - нападнал обезбедување во ноќен клуб во Скопје
-
Зеленски неделава во посета на Саудиска Арабија, веднаш по средбата на руски и американски дипломати
-
Реал Мадрид го обжали црвениот картон на Џуд Белингем
-
Tерорист од Чаир стана министер во Сирија
-
Барселона финализира договори за неколку клучни играчи
-
„Ќе ти ги убиеме децата“, уапсен маж кој се заканувал на српскиот претседател Вучиќ
-
Утре инаугурација на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ХДЗ бојкотира
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија