Османи: Итна потреба за преговори со цел враќање на мирот
– Северна Македонија ја осудува руската инвазија врз Украина, која претставува закана за мирот и меѓународниот поредок втемелен врз меѓународното право, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето на 43-та сесија на Министерската конференција на Франкофонијата, што се одржува денеска во тунискиот град Џерба.
– Северна Македонија најостро ги осудува нарушувањето на демократијата, актите на тероризам, агресијата и сите форми на кршење на човековите права и принципите на Повелбата на Меѓународната организација на Франкофонијата како и Повелбата на Обединетите Нации, истакна Османи пред своите колеги од земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата.

Тој воедно нагласи дека промоцијата на мирот и човековите права, се врвен приоритет на земјава, особено поради фактот што наскоро ќе претседава со Организацијата за Безбедност и Соработка на Европа (ОБСЕ).
Претходно Османи во видео порака од Џерба порача дека е почестен што може уште еднаш да ја афирмирам нашата приврзаност кон вредностите на Франкофонијата: демократијата, човековите права и културните различности и сето тоа преку францускиот јазик – јазик со голема традиција и светла иднина.

– Овој јазик и вредностите кои ги олицетворува ни овозможуваат да го прошириме кругот на пријатели ширум светот. Уште еднаш срдечен поздрав од Џерба до сите пријатели франкофони, додаде Османи во пораката.
Ново на Сител
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
