Османи и Димитров во Брисел на средба со Могерини
Проширувањето на Европската унија, предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот, како и севкупните предизвиците со кои се соочува Европа беа дел од темите за кои разговараа вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
На средбата Османи ја посочи успешната реализација на Планот 3-6-9, кој очекува, до крајот на неговата имплементација, во целост да ги одрази барања на Унијата за реформи во Македонија, што во соодветен рок би биле имплементирани.
Вицепремиерот, како што соопшти СЕП, ја пренел интенцијата на Владата, храбро и позитивно да се посвети на затворањето на сите отворени политички прашања, меѓу кои и спорот со Грција за употребата на уставното име на Република Македонија.
Во тој контекст, Османи посочи и на очекувањата на Владата, но и на граѓаните на Република Македонија, за конкретни чекори од страна на Унијата, кои би биле во насока на визибилноста на европските перспективи на Македонија.
Османи го посочи и ставот на претседателот на Европската Комисијата, Жан Клод Јункер, кој во своето годишно Обраќање до Унијата, потенцираше дека за безбедна ЕУ, потребно е да се одржи кредибилен процесот на проширување на Унијата со земјите од Западниот Балкан.
Тоа, смета Османи, нема да биде можно доколку Комисијата не ја вметне и Македонија во својата стратегија за проширувањето на Унијата до 2025 година, која би се изготвила на почетокот на идната година, но и со останатите конкретни чекори што би претставувале основа за натамошно зацврстување на европскиот оптимизам во земјата и во регионот.
- Не е возможно да има кредибилност на процесот на проширување, без Македонија да биде дел од стратегијата на ЕК за проширување на Унијата, истакна Османи.
Тој додаде дека се создадени соодветни услови за 2018 година да биде историска година за Македонија од аспект на евроатлантските амбиции, за кога очекува да се постигне напредок што ќе го затвори прашањето за ЕУ и НАТО во Македонија.
Тоа потенцираше Османи, е важно за Унијата да може полесно да се справи со новите предизвици, уште поважно за стабилноста на регионот, а најважно за Република Македонија, која не смее да си дозволи да го пропушти овој моментум на европски оптимизам.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп