Османи и Ахмети со орел од вкрстени раце, го честитаа официјализирањето на Законот за јазици
Со вкрстени раце во вид на орел, Претседателот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот за евро-интеграции Бујар Османи, на Фејсбук го честитаа официјализирањето на законот за јазици.
Османи сподели фотографија со Ахмети и под која напиша
„Каков почеток на годината горд сум што сум соработник на Ахмети! Лидер!“
На социјалните мрежи пратеникот Артан Груби се пофали дека се што било ветено за албанците било исполнето.
„Албанскиот јазик е објавен во службениот весник, интеграција во НАТО и ЕУ, беше кажано, сторено, јазична еднаквост, беше кажано, завршено, системски реформи, беше кажано, сторено“, напиша Груби.
На честитките за јазикот се приклучи и вицепремиерот и еден од челниците на ДУИ , Хазби Лика.
„Употребата на албански јазик од нашето огниште веќе дури и во нашите институции и пошироко! Честитки другар, законот за употреба на јазиците стапи на сила“, вели Лика.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот