Македонија
10. November 2023 - 12:17

Османи ги прими акредитивните писма од новиот амбасадор на Кореја, Бае Џонгин

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги прими копиите од акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Република Кореја во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Бае Џонгин.

Министерот Османи, на амбасадорот Џонгин  му  посака успешна дипломатска мисија, со уверување дека со неговото искуство ќе придонесе за понатамошно зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји, соопшти МНР.

На средбата беше разгледана досегашната билатерална и мултилатерална  соработка и можностите за нејзино унапредување. Исто така беше презентирана нивната кандидатура за ЕКСПО 2030 во Бусан а посебен акцент беше ставен на економската сфера, во која што постои голем неискористен потенцијал за развој, како и заложбите за зајакнување на бизнис релациите.

Стана збор и за приоритетите на двете земји  во рамките на внатрешната и надворешната политика, а беа разменети  мислења и за актуелни  регионални и меѓународни прашања.