Османи: ДУИ бара сеопфатна истрага за наводите за Мерко, се замрзнува неговото членство во партијата
Партијата Демократска унија за интеграција донела три одлуки во врска со информацијата дека САД го ставиле струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа поради сомневања за значителна корупција, соопшти портпаролот на партијата, Бујар Османи. Тој кажа дека ДУИ бара институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко за сите тврдења и информации кои произлегуваат од извештајот на Стејт департментот на САД.
„ДУИ jа прифаќа одлуката на Рамиз Мерко за замрзнување на негови партиски функции додека не заврши истрагата. ДУИ ја прекинува изборната активност во Струга додека не се создадат нови услови за нивно организирање“, рече Османи.
Тој побара да има истрага за сите политички партии и нивните јавни и партиски функционери бидејќи, како што нагласи, само на тој начин може да има борба против корупцијата и злоупотребата на темата за политички цели и ги охрабри САД да продолжат со оваа активност.
„ДУИ има јасни ставови по однос на владеењето на право и борбата против корупцијата, потсетувајќи на двете одлуки на Централното претседателство на партијата, за задолжителен ветинг на секој носител на партиски и јавни функции, по можност со меѓународна помош, и за итна институционална верификација на сите јавно изразени сомневања за партиски и јавни функционери на ДУИ“, соопшти Османи.
Ново на Сител
-
Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV
-
Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно
-
Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
-
Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите
-
Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Лав 14
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки