Македонија
5. September 2019 - 11:29

Османи: Денеска ќе се договориме дали Венецијанската комисија ќе даде мислење за целиот Закон за јазици или само за спорните делови

Вицепремиерот за европски прашања, Османи истакна дека денеска на средба со претставниците од Венецијанската комисија ќе се договорат дали таа ќе даде мислење за целиот Закон за јазици или само за спорните делови. Спорна е употребата на Законот на банкнотите и на униформите на Армијата, но Османи вели дека морал да се испрати целиот Закон, а потоа да се дефинира за што точно ќе даде мислење.
 
Власта стравувала дека овие два дела можат да паднат на Уставен суд, па затоа мислење побара од независно тело.
 
Даниел Василев