Македонија
19. јуни 2017 - 12:44

Османи-Безак: Македонија нема друга алтернатива свен евроатлантската интеграција

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска имаше средба со словачкиот амбасадор во Македонија Мартин Безак, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Вицепремиерот Османи ја истакна важноста на билатералната поддршка, како и поддршката на Република Словачка во рамките на Вишеградската група за евроатлантската интеграција на Македонија

- Очекувам во претстојниот период да имаме блиска соработка и да работиме заедно на имплементирањето на сите неопходни реформи поврзани со евроинтегративниот процес, бидејќи Македонија нема друга алтернатива освен членството во евроатлантските структури, рече Османи.

Османи нагласи дека долгата политичка криза во земјата влијаеше на сите сегменти од општеството вклучувајќи го и темпото на реформите за ЕУ. Тој посочи дека должност на Владата е да се фокусира на повторно градење на позитивниот имиџ на државата, како и враќање на демократијата и владеењето на правото.

Двајцата соговорници се согласија дека треба да се искористи новиот моментум и Владата  да се фокусира на реално остварливи цели кои ќе дадат конкретни резултати во процесот на европска интеграција, соопшти СЕП.

Ново на Сител