Османи: Ако ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени ќе оставиме да одлучат кога ќе бидат изборите
Ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени ќе добие можност да одлучи за датумот на изборите, изјави шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ Бујар Османи.
-Ако ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите кога и да сакаат, денеска, утре, задутре, веднаш после изгласување на уставните измени. Мислам дека ова е фер понуда од наша страна, рече Османи на новинарско прашање за коментар за предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски парламентарни и претседателските избори да се одржат меѓу двата празника по обраќањето на годишната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност што во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во Скопје.
Доколку не се изгласаат уставните измени и ВМРО-ДПМНЕ опстои на својот став, тогаш, посочува Османи, остануваат редовните термини, а дали изборите ќе бидат одвоени или ќе се одржат заедно
-Во тој случај мислам дека редовните термини треба да бидат земени предвид, и веќе останува прашање на технички и логистички пресметки по однос на одржување на изборите отколку политички проценки. Политичка проценка е оваа понуда. Нека ги изгласаат уставните измени, ќе оставиме тие да одлучат за денот на избори, кога и да сакаат и за претседателските и за парламентарните. Доколку не, одиме на редовни избори, дали ќе бидат заедно дали ќе бидат одвоено, е веќе прашање на логистика, техника и повеќе проценки на политичките партии да најдеме одреден консензус, вели Османи.
Тој не ги коментира критиките од коалицискиот партнер во Владата Алијасна за Албанците и повикот до ДУИ дека треба да си замине во опозиција. Важно е посочува, дека имаме добри меѓучовечки релации, добра соработка, професионална како министри и како коалициони партнери во рамки на Владата.
Ново на Сител
-
Роби Вилијамс повторно во битка со депресијата
-
ФЗОМ: Нулта толеранција кон какви било облици на криминално однесување, вклучително и во сопствените редови
-
Хуманитарна изложба „Бои на надеж“, средствата ќе се донираат за настраданите во Кочани
-
Еден повреден во пожарот во Кочани се враќа од лекување во странство
-
Македонец фатен во Србија со 3 грама марихуана, мора да плати 100.000 динари за хуманитарни цели место кривична пријава
-
Пијан го возел на трактор своето 12-годишно дете и подолг период го изложил на ладно време
-
Истрага за 43 лица за измами со „брзи кредити”, невработени лица ги прикажувале како вработени и кредитоспособни
-
Уапсени двајца скопјани, се тепале пред Градски стадион