Османи: Ако не ги решиме уставните измени, влегуваме во групата на земји со отворени прашања

Противниците на уставните измени се всушност поддржувачи на идеите на бугарските радикали дека европската перспектива на државата треба да се сведе на билатерални односи со Република Бугарија, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Уставните измени, според Османи, се факторот што ќе утврди во која група ќе припаѓаме и затоа, како што рече, одговорноста на секој пратеник е толку голема.
-Ако ги завршиме уставните измени, ние влегуваме во групата што очекуваат во наредните години да станат земји членки на ЕУ. Одлука за тоа веќе има во ЕУ, ако не ги решиме уставните измени, ние влегуваме во групата на земји кои што имаат отворени прашања и тогаш ни се враќаат Договорот со Бугарија, Протоколот и општо односите со Бугарија, историските прашања..., рече Османи.
Токму поради тоа, Османи рече дека е оптимист, и дека мисли дека „никој од пратениците нема да се осуди неговото име да се запише во историјата како луѓе, кои што ја ставиле земјата во група на земји со отворени прашања“.
- Од првенец во генерација, во група на земји кои што ќе мора да решаваат отворени прашања, изјави Османи.
Прашан до каде е спроведувањето на Протоколот со Бугарија, Османи рече дека „се одвива во рамки на предвидената динамика“.
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
-

Бројот на загинатите во земјотресот во Колумбија достигна 254
-

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок
-

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта
-

Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија
