Свет
20. December 2016 - 21:05

Ослободен Пакистанецот осомничен за нападот во Берлин

Слободен е пакистанскиот мигрант приведен од германската полиција како осомничен дека е извршител на вчерашниот напад во Берлин, јави ДПА.

Во нападот извршен со камион на божиќен пазар загинаа 12 луѓе и повеќе од 50 се повредени. Осумнаесет од повредените се во критична состојба.