Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун - Верија во близина на Халкидона, во која загинаа две лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Камионот со кој управувал 34-годишниот македонски државјанин, вчера кусо по 16 часот се судрил со автомобил во кој се превезувало четиричлено семејство, а животот го загубија 44-годишен маж и неговиот 13-годишен син, додека пак сопругата и другиот син на возраст од девет години се полесно повредени.
По несреќата, за извлекување на патниците интервенираше противпожарната служба со девет пожарникари и три возила, како и службата на брзата помош од Солун со две возила, седум спасувачи и еден лекар.
Според информациите на МИА од Грција, возачот на камионот откако беше уапсен бил изведен пред јавен обвинител и со усна наредба на обвинителот бил ослободен.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
