-->
-->
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-->
По вчерашната препорака од Министерството за финансии осигурителните компании сепак не ги намалија цените на полисите за осигурување на автомобилите.
Според последните најави денеска комисијата за авто одговорност при Министерството за финансии повторно ќе одржи состанок и според неофицијални информации, ќе им биде наложено на компаниите да ги вратат старите цени.
Ваквата одлука се очекува да се стави и на дневен ред на денешната владина седница.
Инаку граѓаните веќе 5 дена плаќаат од 840 до 1600 денари поскапи полиси за осигурување откако ваква одлука донесе Националното биро за осигурување.
Со став дека цените се непроменети од 2008 година.
Многу повеќе на оваа тема пренесуваме во Вестите во 16 часот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект