Оштетувања на археолошките локалитети во Пелагонија
Пелагонија е позната по својата уникатна неолитска култура, а неолитските артефакти се ретки и едни од најавтентичните во поширокиот регион. Но често овие локалитети, заради својата локација и отвореност се подложни на постојани оштетувања. Археолозите кои го истражуваат неолитот во Пелагонија велат дека е потребна постојана заштита на археолошките локалитети.
-Бидејќи се подложни под константно оштетување пред се заради земјоделските активости, некоогаш некои компании имаат индустриски активности кои ги оштетуваат. Затоа се трудиме да ги популаризираме, со цел да укажеме дека се вредни за внимание и дека треба и од пошироката јавност да бидат заштитени зашто станува збор за уникатна материјална култура која е штета да се уништи и однесе во заборав, вели доц. д-р Гоце Наумов, центар за истражување на предисторијата.
Оштетувањето на археолошките локалитети е огромен проблем насекаде, вели Кристина Пенезиќ од Институтот Биосенс при Универзитетот во Нови Сад. И покрај напредокот во инфраструктурата, треба да се има предвид културното наследство.
-Во Србија има закон кој гласи „ужива претходна заштита“, тоа значи дека секој локалитет е заштитен, оној кој е ископан, но и оној за кој не знаеме. Нашите заводи за заштита имаат многу работа, многу локалитети се загрозени, но како заедница мора да сме здружени и силни, постои 1000 години и сега ќе се уништи, не треба да се истражи, тие податоци ни се важни за минатото, не е залудно, вели Кристина Пенезиќ, Институт Биосенс, Нови Сад.
Културното наследство треба да се чува и да го има местото кое го заслужува, вели таа.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар