Оштетени фасади, урнати оџаци и одрони по земјотресот во БиХ I ВИДЕО
Според објавите на босанските медиуми, голема материјална штета на куќите е причинета во Столац, место кое е во близина на епицентарот на земјотресот. Оштетени се фасадите, урнати се оџаци, а одрони се регистрирани на повеќе патни правци.
Паниката сѐ уште е присутна кај жителите на Босна и Херцеговина откако синоќа во близина на градот Мостар се случи силен земјотрес кој предизвика материјални штети, а одзеде и еден млад човечки живот.
Тлото во БиХ денеска е мирно, а локалните власти уште од раните утрински часови се излезени на терен и ја анализираат состојбата.
Како што објавуваат босанските медиуми, материјална штета на куќите е причинета во Столац, место кое е во близина на епицентарот на земјотресот. Оштетени се фасадите, урнати се оџаци, а одрони се регистрирани на повеќе патни правци.
Шефот на противпожарната служба во Чапљина, Мате Јурковиќ, изјави дека пожарникарите од синоќа имале повеќе од 60 интервенции.
– Сите екипи се на терен и се санира она што може да се поправи. Оштетени се многу куќи и згради, паднаа оџаци. Оштетено е основното училиште во центарот на градот – изјави Јурковиќ.
Според локалните власти, членови на Штабот за вонредни ситуации го посетиле подрачјето на Невесиње, каде што не биле забележани оштетувања на станбени згради.
За разлика од Невесиње, во Љубиње е забележана поголема материјална штета. Оштетени се куќи, станбени згради, како и општинската зграда.
Ново на Сител
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание