Македонија
24. September 2018 - 13:48

Оштетени два штаба на СДСМ во Куманово, приведено едно лице

Денеска околу 10.40 часот во Полициската станица Куманово биле пријавени оштетувања на два штаба на политичката партија СДСМ во Куманово на улица „Тоде Мендол“ и улица „Илинденска“. 

Според пријавата, на двете локации биле искршени по три прозори. Во врска со настанот, приведен е Д.С.(34) од Куманово.