-->
-->
Осамна видео на Меган Меркел - 15 луѓе од кралската палата добија отказ
-->

Меган Маркл објавила дел од видео-клип кое публиката никогаш порано не го видела. Во прашање е дел од интревју кое го дала пред неколку месеци за магазинот "Vogue".
На својот Инстаграм Меган објавила дел од разговорот со уредникот Едвард Енинфул.
“Ме интересираше дали можеш да ми помогнеш околу организација Smart Works (добротворна организација) додека го пијам чајот“, на тоа уредникот одговорил: “Се сеќавам кога влегов во Кингстонската палата, бев доста возбуден и реков – војвотко, чест ми е, а ти ми одговори – викајме Меган“.
Во септемврискиот број, Меган Меркл била прва личност од било кога кога ја преземала уредничката улога за содржината на "Vogue" тој месец.
“Имаш уредничко око. Такво нешто не сум видел. Беше доста темелна, од почеток до крај“, рекол Едвард во видео клипот.
Септемвриското издание кое Меган Меркл го приредила за читателите на "Vogue" е распродадено за 10 дена и воедно е влезено во историјата како најпродавано издание во предходната деценија.
Набрзо откако Меган го објавила видео-клипот со уредникот на "Vogue", сајтот "Daily Mail" објавил дека Меган и Хари им дале отказ на некогашните соработници. Дури 15 луѓе кои биле дел од тимот на војвотката и војводата од Сасекс, минатиот месец е објавено е дека нивните услуги повеќе не им се потребни.
Овој потег на Островот е протолкуван како: “Меган и Хари не се враќаат никогаш“!
Откако кралскиот пар рекол дека го напуштаат местото на високи членови на кралско, се преселиле во Канада за да бидат финансиски независни и да продолжат со своите животи вон кралското семејство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
