Македонија
13. November 2022 - 16:29
Оризопроизводителите на нов протест
На два часа денеска оризарите го блокираа патниот правец Штип-Кочани со земјоелска механизација, во знак на револт од игнорантскиот однос на ресорниот министер. Жетвата заврши, а ветувањата не им се исполнети.
- Министерот кажа дека ќе исплатат дел од субвенциите за да може да влеземе во завршната фаза на оризопроизводството, меѓутоа до денес од тоа нема ништо. Имаме информации и дека ветените 3 денари по килограм се ограничени до некоја дата, така што оние кои предале ориз од минатата реколта нема да бидат исплаќани- изјави Тони Максиомов, оризопроизводител од Облешево.
Во месец август беше утврдена производната цена за килограм арпа во висина од 27 денари, а се откупува селективно од 22 до максимум 24 денари.
- Ние се уште имаме откуп кој се одвива по цени под производствената цена, што е недопустливо- изјави Ставре Јанев, оризопроизводител од Грдовци.
Проблемот е премногу сериозен, бидејќи не рентабилното оризопроизводство од година во година го забрзува процесот на депопулација на кочанските рурални средини.
- На ваков начин, со ваков приод што државата го има кон нас, верувам дека повеќе нема да можеме да опстанеме и дека сето ова ќе остане пустош и нема да има кој да работи. Јас имам син, вели, тато зошто да работам кога нема фајде и сите бегаат во странство-изјави Венцо Стојанов, оризопроизводител од Чифлик.
На протестот на оризарите се приклучија и тутунарите, овоштарите и сточарите.
- Имаме исти проблеми, а решенија никакви. Владата и министерството не ставија на „игнор“ и не помноѓија нас земјоделците со нула- изјави Ѓорѓи Каракашов, земјоделец од Радовиш.
- Состојбата е трагична и земјоделецот е донесен до питачки стап, тоа е судбината на сите изјави Кирил Парчуловски, овоштар од Ресен.
Земјоделците од сите региони за кон крајот на годината најавија организиарње на генерален штрајк.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->