Македонија
1. August 2022 - 12:20

Оризопроизводителите излегуваат на протести

Поради игнорантскиот однос на Владата и ресорното Министертсво, оризопроизводителите од кочанско за средината на месец август најавуваат нов протест и блокада на патот Штип-Кочани.

- Протестот ќе биде со блокада на двете коловозни ленти, не на едната и ќе трае на неодредено време, 2, 3, 5 па ако треба и 10 дена, се до почетокот на жетвата, изјави Здравко Арсов, ИО за спас на оризопроизвоството  

На покачени репроматеријали за 100 и 200 % и со двојно зголемена цена на нафтата, производствените трошоци далеку ја надминуваат актуелната откупна цена за арпа и бел ориз. Затоа до почетокот на жетвата бараат средба со Премиерот или Министерот за земјоделие на која ќе ја утврдат откупната цена.

- Нашите барања се следните, 40 денари за оризова арпа и 80 денари за килограм бел ориз - додаде Здравков

Ги иритира и фактот што цената на белиот ориз вртоглаво скокна на 150 денари за килограм на светските берзи, а кај нас стагнира.

- Цената на светските берзи се движи до 2 500 евра по тон, а тука е страшна работа, катастрофа е состојбата со оризот- изјави Здравков

Годинава се посеани 4 500 ха под ориз, од кој се очекува принос од 22 000 тони. Сепак, оризарите сметаат дека годинашната реколта ќе потфрли за 40 % во однос на лани, поради употреба на неквалитетни пестициди, кои го редуцираат родот.